Data analyst за економска насока

Оваа ВЕТ-обука, Дата анализа за средношколци, претставува 100-часовна обука која ги воведува средношколците во областа на анализа на податоци.

Времетраење

100 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

37000 МКД

Оваа ВЕТ-обука, Дата анализа за средношколци, претставува 100-часовна обука која ги воведува средношколците во областа на анализа на податоци. Во денешно време за оваа област секојдневно се отвораат работни места, со оглед на тоа што дигиталниот свет, во чија основа се податоците, е нераскинлив дел од деловните процеси. Учењето во обуката ги опфаќа најважните технички вештини кои се барани во оваа област (Excel, Python и SQL) и притоа слушателите на курсот се здобиваат со умешност за разбирање и презентирање на она што се содржи во податоците.

Модул 1 (Основи на Excel): внесување и форматирање податоци, основни формули и функции, креирање едноставни графикони.

Модул 2 (Напреден Excel): пивот-табели, Power Pivot, DAX (Data Analysis Expressions).

Модул 3 (Основен Python): променливи, услови, јамки, видови грешки.

Модул 4 (Напреден Python): работа со датотеки, библиотеки Pandas, NumPy и matplotlib.

Модул 5 (SQL): бази на податоци, CRUD оператори, JOIN и UNION.

За ученици од 15 до 18 години.

  • Стекнување солидно знаење во Excel.
  • Учење нов програмски јазик (Python) и добивање претстава како тој се користи при анализа на податоци.
  • Запознавање со концептот на бази на податоци.
  • Креирање финален проект.
  • Подготвеност за понатамошно учење, учество на натпреварувања и менторски програми.

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар