ДЕЦ за Училишта
Партнерство со училиштата за современо образование - заедно ги подготвуваме учениците за дигиталната иднина.
Детскиот едукативен центар организира бесплатни презентации, демонстрации на ученички проекти и информативни настани во средните училишта, со цел учениците да се запознаат со најбараните дигитални вештини, образовни насоки и професии на иднината.
Поканете го Семос Едукација (ДЕЦ) во вашето училиште
Организираме бесплатни информативни презентации, демонстрации на ученички проекти, наградни игри и запознавање со можностите за развој на дигитални вештини кај младите.
Со испраќање се согласувате со нашите Услови и Политика за приватност.
Обуки од партнерски брендови
Развивај дигитални вештини што ќе им служат цел живот
Во Детскиот едукативен центар учениците учат преку практична работа, проекти и современи технологии, развивајќи дигитални вештини кои ќе им помогнат во понатамошното образование и личен развој.
- Стекни меѓународно признати сертификати
- Работи на практични проекти и сопствени идеи
- Изгради портфолио од проекти и постигнувања
- Откриј ги областите што најмногу те интересираат
Поврзи учење, пракса и проекти на едно место
Нашата платформа им овозможува на наставниците едноставно да креираат задачи поврзани со програмирање, автоматски да ги проверуваат решенијата и да го следат напредокот на учениците на едно место.
- Креирање задачи – подгответе програмерски предизвици со инструкции, примери и тестови
- Автоматска проверка – решенијата се тестираат веднаш по нивното испраќање
- Следење на напредокот – добијте јасен преглед на резултатите и активноста на учениците
- Мотивација преку резултати – поттикнете ги учениците преку добивање на поени за решени задачи и рангирање
Успешни приказни од нашите ученици
Од првите чекори во програмирањето до освоени сертификати, натпревари и сопствени проекти. Учениците од ДЕЦ секојдневно покажуваат дека со вистинска поддршка и квалитетно образование можат да постигнат извонредни резултати.
Се што им треба на наставниците и учениците
Комплетна едукативна платформа дизајнирана за современото училиште.
Видео-лекции со AI
Интерактивни видеа со вградени квизови, субтитли и AI асистент за прашања во реално време.
Coding Playground
Вграден IDE за Python, HTML/CSS, JavaScript и Scratch – без инсталација, директно во прелистувачот.
Сертификати и значки
Автоматско издавање на сертификати по завршување на курс. Поврзани со LinkedIn и Certiport.
Аналитика за наставници
Следи го напредокот на секој ученик, идентификувај ги слабостите и прилагоди ги наставните содржини.
Колаборативно учење
Групни проекти, форуми и пир-оценување – градење на тимски вештини паралелно со технички знаења.
Мобилна апликација
Учи каде и да си. Offline режим за преземање на лекции и учење без интернет конекција.
Придружи се на иновативните училишта кои избраа ДЕЦ
СЕУГС Михајло Пупин – Скопје
СУГС Раде Јовчевски – Корчагин – Скопје
СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје
СУГС Гимназија "Орце Николов" - Скопје
СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
ДСУ-РЦСОО „Никола Карев” - Струмица
СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани
СОУ „Ванчо Прке“ – Виница
ДЕМУ „Коле Нехтенин“ - Штип
Поврзете го вашето училиште со ДЕЦ
Детскиот едукативен центар соработува со средни училишта преку информативни презентации, демонстрација на ученички проекти и активности посветени на развој на дигитални вештини. Заедно им помагаме на младите да ги откријат можностите што ги нудат технологијата, креативноста и современото образование.
- Бесплатни презентации за ученици
- Претставување на актуелни ИТ и креативни професии
- Презентација на ученички проекти изработени во ДЕЦ
- Запознавање со современи дигитални вештини и технологии
- Поддршка за активности кои ја поттикнуваат креативноста и практичното учење
Поканете го ДЕЦ во вашето училиште
Пополнете ги вашите податоци и нашиот тим ќе ве контактира за организација на информативна презентација, демонстрација на ученички проекти или активност за промоција на дигитални вештини во вашето училиште.
Со испраќање се согласувате со нашите Услови и Политика за приватност.