Оваа зима, кодирањето станува авантура!
CodeMonkey Winter Coding Camp е интензивна зимска програма наменета за деца од 7 до 11 години кои сакаат на интересен, интерактивен и забавен начин да ги направат своите први чекори во светот на кодирањето.
Наставата се реализира со користење на интерактивната платформа CodeMonkey, преку која децата учат програмирање преку игра, предизвици и практични активности. Наместо само да учат правила, децата решаваат задачи, експериментираат и постепено откриваат како функционира кодот.
Во текот на зимскиот курс, децата ќе се запознаат со основни програмски концепти како променливи, циклуси, услови, функции и низи, а преку внимателно осмислени активности ќе ги применуваат и своите математички знаења во практичен контекст.
Преку ваквиот начин на работа се развиваат логичкото, аналитичкото и критичкото размислување, како и способноста за самостојно решавање проблеми.
Програмата ќе се реализира преку интерактивни активности и предизвици од CodeMonkey и ќе ги опфати следните тематски целини:
Coding Adventure
Први чекори во кодирањето и запознавање со основната логика на програмирањето.
Курсот е наменет за деца од 7 до 11 години кои сакаат на интересен и забавен начин да ги направат своите први чекори во програмирањето.
Не е потребно претходно програмерско знаење. Курсот е на почетно ниво.
Преку CodeMonkey Winter Coding Camp, децата ќе:
По завршување на курсот, децата добиваат:
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.