AI and Cyber Fundamentals with Minecraft е иновативен курс од новата генерација кој на забавен и интерактивен начин ги воведува децата во светот на вештачката интелигенција и сајбер безбедноста.
,,AI and Cyber Fundamentals with Minecraft” е next-generation, иновативен курс кој на разбирлив и интересен начин ја доближува вештачката интелигенција до децата – технологија што е во постојан раст и веќе е дел од нашето секојдневие. Покрај тоа, децата учат како безбедно да го користат интернетот и како да развиваат сигурни и одговорни дигитални решенија.
Овој образовен пристап се реализира преку Minecraft Education Edition, платформа која нуди интерактивна и мотивирачка средина за непречено учење преку игра.
Програмата на курсот е осмислена така што преку интеракција и забава децата се запознаваат со основите на вештачката интелигенција преку блоковско кодирање. Уште од најмала возраст, тие учат како правилно да ја користат AI, да разберат како функционира и колку е слична на човечкото размислување. Овој пристап ги поттикнува да размислуваат стратегиски, да решаваат проблеми и да ја согледуваат „големата слика“.
Дополнително, децата учат како да работат со податоци, да ги анализираат и категоризираат, а во делот на компјутерската безбедност – преку различни предизвици и мисии – стекнуваат знаења за безбедно споделување информации и заштита од секојдневните ризици на интернет.
Курсот „AI and Cyber Fundamentals with Minecraft“ е одличен избор за секое дете кое сака да истражува, да учи нови работи и да се развива дигитално, а преку игра да ги стекне основите на вештачката интелигенција – вештина која веќе е и ќе биде дел од иднината.
Деца на возраст од 12 до 14 години.
Преку овој курс, учениците низ игра ќе ги усвојат основите на вештачката интелигенција. Ќе научат како се подготвуваат податоците, како се тренираат податочни модели и како се градат основни AI модели на практичен и разбирлив начин. Курсот е интензивен и осмислен да го разбуди детскиот ентузијазам, љубопитноста и критичкото размислување.
Преку интерактивна работа, учениците ќе развијат тимска соработка, ќе научат да разменуваат идеи и ќе го поттикнат својот натпреварувачки дух на позитивен и здрав начин.
Посебен фокус се става на безбедното користење податоци. Децата ќе научат како се движат податоците низ интернетот, како правилно да ги подготват и заштитат од злоупотреба. Поимите како енкрипција, декрипција и интегритет на податоци ќе им станат јасни и разбирливи, а стекнатото знаење ќе умеат да го поврзат и применат во контекст на вештачката интелигенција.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.