Minecraft Coding with Python

Minecraft Coding with Python е иновативен курс кој ги воведува децата во програмскиот јазик Python преку игра. Овој образовен принцип им овозможува на децата да учат преку платформата Minecraft Education Edition и идеите.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Minecraft Coding with  Python е иновативен курс кој ги воведува децата во програмскиот јазик Python преку игра. Овој образовен принцип им овозможува на децата да учат преку платформата Minecraft Education Edition и идеите, преку акции да ги преточат во код.

Програмата на овој курс е креирана како на забавен и интерактивен начин децата да влезат во светот на кодирањето и да создаваат игри. Децата креативноста ја искажуваат секојдневно, а преку овој курс ќе научат не само да кодираат туку и како да го насочат своето размислување за решавање проблеми.

Решавањето проблеми е една од главните задачи во Minecraft, децата ја поттикнуваат креативноста, тимскиот дух, логичкото размислување и најважно од се си ја зголемуваат самодовербата со секој исполнет предизвик. Ќе научат како да се движат во виртуелен простор со помош на агентот (главниот лик кој ги води низ играта) кој може да го испрограмираат да гради светови и да решава проблеми. Курсот е одличен за секое дете кое чекори кон светот на програмирањето. Доколку вашето дете игра Minecraft или едноставно е љубопитно и сака да учи на забавен начин, овој курс е токму за вас!

  • Вовед во програмирање, алгоритми, секвенционирање и декомпозиција на проблеми
  • Позиционирање
  • Креирање на променливи
  • Услови, циклуси и условно-гранење, вгнездени циклуси
  • Листи и секвенционирање
  • Функции
  • Настани Креирање, тестирање и дебагирање на програми
  • Логички оператори и булова логика

Деца на возраст од 12 до 14 години.

Учениците преку игра ќе ги усвојат основните концепти на програмирањето. Ќе научат како да се движат во виртуелен простор со помош на агентот – главниот лик кој ги води низ играта – и кој тие самите можат да го испрограмираат да гради светови и да решава различни предизвици.

Преку развојната околина што ја нуди Python на платформата, децата ќе научат како да пишуваат јасен, логично структуриран и разбирлив код. Ќе се запознаат со начинот на давање команди преку код, како и со концептите на влез и излез на податоци во програмите.

Функциите ќе станат составен дел од секојдневното програмирање, при што учениците ќе ги користат за креирање предефинирани движења и акции во програмата, со што ќе го развиваат алгоритамското размислување.

Овој курс претставува одлична основа за понатамошно изучување на програмскиот јазик Python и им овозможува на учениците да се истакнат и успешно да се подготват за натпревари по програмирање.

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар