Напреден Python

Како широко користен и баран јазик, Python нуди а почетна точка за децата да го истражуваат светот на кодирањето и да отклучат бројни академски и професионални можности.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Во овој курс се учи како контролните структури може меѓусебно да се искомбинираат во зависност од проблемот кој се решава, односно дека дадена контролна структура може да е вгнездена во некоја друга. Исто така, посебно внимание се посветува на тоа како се евалуираат логичките изрази кога различни групи оператори постојат во еден израз.

 

Попрецизно, во курсот се учи за предноста помеѓу оператори од различни групи. Дополнително, слушателите се запознаваат со модулите random, string, os и datetime, како и со тоа како се работи со датотеки преку Python. Курсот опфаќа и теми поврзани со вовед во објектно ориентирано програмирање и тестирање функции. Со совладување на овие содржини, слушателите го подигнуваат знаењето за Python на ново, повисоко, ниво, и, притоа, со тоа се оспособуваат за решавање покомплексни програмерски проблеми.

  • Напредна работа со контролни структури 
  • Групи оператори 
  • Модули: random, string, os и datetime 
  • Работа со текстуални податоци 
  • Работа со датотеки преку Python 
  • Вовед во објектно ориентирано програмирање 
  • Тестирање функции 

За ученици од 13 до 17 години.

Потребно предзнаење:

  • Основи на Python

Со надграденото знаење стекнато преку овој курс, слушателите лесно може да навлезат во најмодерните теми на денешниот дигитален свет, како што се наука за податоци (data science), машинско учење и вештачка интелигенција (AI)Исто така, секој што ќе го заврши курсот ќе има развиено и вештини за критичко и логичко решавање проблеми со употреба на напредни концепти во Python. Стекнатото знаење е многу корисно, особено за оние кои сакаат да продолжат со своето образование или кариера во областа на науката, технологијата, инженерството или математиката (Science, Technology, Engineering & Mathematics – STEM).

Со завршување на курсот се добива сертификат за посета на курсот Напреден Python, издаден  од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар