Целта на курсот Python е да го постави умот на ученикот како да развие вештини за решавање проблеми и решавање проблеми со алгоритми
Во овој курс се учат основите на најпопуларниот програмски јазик, Python. Притоа, како вовед кон суштината на материјалот се започнува со запознавање со програмирањето како вештина, карактеристиките на Python и подесување соодветна работна околина за пишување код во Python. Следно, учењето продолжува со синтаксичките правила на Python, контролните структури, функции, како и видови грешки. При учењето на секоја од тематските целини, знаењето се утврдува преку решавање соодветни програмерски задачи. Дополнително, со изучувањето на овој курс, слушателите се здобиваат со вештини за постепено решавање задачи со примена на дигитални технологии. На крајот, со завршување на курсот, слушателите ќе можат да решаваат реални проблеми, со креирање алгоритми и нивно имплементирање како код во Python.
За ученици од 13 до 17 години.
Слушателите навлегуваат во светот на програмирањето на релативно лесен начин, со оглед на тоа што синтаксата на Python е лесно разбирлива. Притоа, со примена на знаењето што се стекнува преку решавање задачи, се развиваат вештините за креативно решавање проблеми. Ова овозможува секој слушател да добие основа за понатамошно развивање на сопствената креативност преку создавање игри, веб-страни, реализирање на сопствени мини-проекти и сл. Исто така, со изучувањето на основите на Python, секој слушател би можел многу полесно да учи и некој друг програмски јазик во иднина.
Со завршување на курсот се добива сертификат за посета на курсот Основи на Python, издаден од Семос Едукација.