
Денес во просториите на Семос Едукација имавме чест да бидеме домаќини на учениците од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ од Скопје, предводени од директорката Наталија Делева, кои преку оваа посета имаа можност одблиску да се запознаат со современите технологии и образовните програми што ги подготвуваат младите за професиите на иднината.
За време на посетата учениците имаа можност да дознаат повеќе за програмите и активностите што ги реализираме, како и за областите кои денес се меѓу најбараните и најкреативни дигитални професии. Посебен фокус беше ставен на веб-дизајнот и графичкиот дизајн, при што учениците се запознаа со основите на HTML & CSS, како и со можностите што ги нудат Adobe Illustrator и Adobe Photoshop во процесот на создавање визуелни решенија и дигитални содржини.
Нивната љубопитност, активното учество и интересот за новите технологии уште еднаш покажаа колку е важно младите уште од најрана возраст да имаат можност да ги истражуваат различните кариерни насоки и да стекнуваат практични знаења преку интерактивно учење.
Веруваме дека ваквите средби се одлична можност за инспирација и насочување на младите кон идните професии и знаења што ќе го обликуваат светот на утрешнината.
Им благодариме на учениците и наставниот кадар за посетата и со нетрпение очекуваме повторно да се видиме во Семос Едукација