Новости / Презентација за ученици и наставници во рамки на соработката со Junior Achievement Македонија

Презентација за ученици и наставници во рамки на соработката со Junior Achievement Македонија

Во рамки на соработката со Junior Achievement Македонија, Семос Едукација организираше презентација со цел на интересен, динамичен и интерактивен начин да ги запознае учениците со можностите за учење и развој што ги нуди, како и со различните кариерни насоки во ИТ индустријата.

На настанот присуствуваа ученици, наставници и претставници од Општина Ѓорче Петров, а учество земаа и ученици од ООУ „Ѓорче Петров“, ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, ООУ „Страшо Пинџур“, ООУ „Тихомир Милошевски“ и ООУ „Мирче Ацев“.

Преку презентацијата, присутните имаа можност да се запознаат со програмите на Семос Едукација наменети за деца и млади, со актуелните технолошки професии и со вештините кои денес се сѐ повеќе потребни за успешен професионален развој.

Изразуваме искрена благодарност до Љупка Панчевска, извршен директор на Junior Achievement Македонија, за поддршката и успешната соработка, како и до сите присутни за покажаниот интерес и активното учество. Ваквите иницијативи се важен чекор во насочувањето на младите кон нови можности за образование, развој и кариера.

Останати објави

11.11.2026

Учениците од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во посета на Семос Едукација

Денес во просториите на Семос Едукација имавме чест да бидеме домаќини на учениците од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ од Скопје, предводени од директорката Наталија Делева, кои преку оваа посета имаа можност одблиску да се запознаат со современите технологии и образовните програми што ги подготвуваат младите за професиите на иднината.

16.09.2026

Инвестиција во иднината: Дигитални вештини, образование и можности за младите

На 16 септември 2026 година, на покана на Љупка Панчевска, извршна директорка на Junior Achievement Macedonia, во хотел „Гарденија“ во Велес, Семос Едукација, во рамки на меморандумот за соработка со Junior Achievement Macedonia, учествуваше на настан посветен на наставници од основните и средните училишта ширум државата.