Курсот „AI Супермоќ“ има за цел да ги запознае учениците со основите на вештачката интелигенција и да ги научи како паметно, креативно и одговорно да ја користат.
Вештачката интелигенција станува составен дел од нашето секојдневие – од пребарувачи и социјални мрежи, до алатки за учење и креативност. Курсот „AI Супермоќ“ има за цел да ги запознае учениците со основите на вештачката интелигенција и да ги научи како паметно, креативно и одговорно да ја користат.
Преку практични демонстрации, интерактивни активности и мини-проекти, учениците ќе научат како да комуницираат со AI алатки, како да поставуваат ефективни прашања (prompts) и како да создаваат текстови, слики, презентации и организирани планови со помош на вештачка интелигенција.
Курсот ја поттикнува креативноста, критичкото размислување и дигиталната писменост, подготвувајќи ги учениците за иднината во која AI ќе биде неизоставен дел од образованието и работата.
По завршување на курсот, учениците ќе знаат како самостојно да користат повеќе AI алатки, да комбинираат различни технологии во еден проект и да ја разбираат важноста на етичката и безбедна употреба на вештачката интелигенција.
За ученици од 12 години и повеќе кои сакаат да научат како да ја користат вештачката интелигенција за креативност, учење и продуктивност, без потреба од претходно програмерско искуство.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.