Cybersecurity

Во дигиталниот свет во кој младите секојдневно користат социјални мрежи, игри, апликации и јавни Wi-Fi мрежи, сајбербезбедноста станува неопходна вештина.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Во дигиталниот свет во кој младите секојдневно користат социјални мрежи, игри, апликации и јавни Wi-Fi мрежи, сајбербезбедноста станува неопходна вештина. Овој курс има за цел да ги запознае учениците со основите на дигиталната безбедност и да ги научи како да се заштитат од онлајн ризици.

Преку реални примери, практични сценарија и интерактивни вежби, учениците ќе научат како функционираат најчестите онлајн измами, како да креираат силни лозинки, како да ја заштитат својата приватност на социјалните мрежи и како да препознаат манипулација.

Курсот не ги учи учениците да „хакираат“, туку да размислуваат критички, да препознаваат ризици и да донесуваат паметни дигитални одлуки. Целта е развивање на безбедносна свест, одговорност и сигурност во онлајн средина.

По завршување на курсот, учениците ќе знаат како да ги заштитат своите профили, уреди и лични податоци, како да препознаат phishing пораки и измами, и како да се однесуваат безбедно на интернет.

  • Вовед во сајбербезбедност
  • Сајбер ризици во секојдневниот живот
  • Лозинки и дигитален идентитет
  • Две-факторска заштита
  • Социјални мрежи и дигитален отпечаток
  • Phishing и онлајн измами
  • Malware и ризични апликации
  • Безбедност на јавни Wi-Fi мрежи
  • Размислување како етички хакер
  • Безбедност во игри и chat апликации
  • Сајберетика и дигитална одговорност
  • Финален тимски предизвик

За ученици од 12 до 16 години кои активно користат интернет, социјални мрежи и апликации, и сакаат да научат како да се заштитат и да се движат безбедно во дигиталниот свет.

  • Развивање безбедносна свест и препознавање дигитални закани.
  • Стекнување практични вештини за креирање силни лозинки и заштита на профили.
  • Заштита на приватноста на социјалните мрежи.
  • Развивање критичко размислување при анализа на сомнителни пораки и линкови.
  • Градење чувство на дигитална одговорност и етичко однесување онлајн.

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар