Како широко користен и баран јазик, Python нуди а почетна точка за децата да го истражуваат светот на кодирањето и да отклучат бројни академски и професионални можности.
Во овој курс се учи како контролните структури може меѓусебно да се искомбинираат во зависност од проблемот кој се решава, односно дека дадена контролна структура може да е вгнездена во некоја друга. Исто така, посебно внимание се посветува на тоа како се евалуираат логичките изрази кога различни групи оператори постојат во еден израз.
Попрецизно, во курсот се учи за предноста помеѓу оператори од различни групи. Дополнително, слушателите се запознаваат со модулите random, string, os и datetime, како и со тоа како се работи со датотеки преку Python. Курсот опфаќа и теми поврзани со вовед во објектно ориентирано програмирање и тестирање функции. Со совладување на овие содржини, слушателите го подигнуваат знаењето за Python на ново, повисоко, ниво, и, притоа, со тоа се оспособуваат за решавање покомплексни програмерски проблеми.
За ученици од 13 до 17 години.
Потребно предзнаење:
Со надграденото знаење стекнато преку овој курс, слушателите лесно може да навлезат во најмодерните теми на денешниот дигитален свет, како што се наука за податоци (data science), машинско учење и вештачка интелигенција (AI). Исто така, секој што ќе го заврши курсот ќе има развиено и вештини за критичко и логичко решавање проблеми со употреба на напредни концепти во Python. Стекнатото знаење е многу корисно, особено за оние кои сакаат да продолжат со своето образование или кариера во областа на науката, технологијата, инженерството или математиката (Science, Technology, Engineering & Mathematics – STEM).
Со завршување на курсот се добива сертификат за посета на курсот Напреден Python, издаден од Семос Едукација.