Основи на HTML & CSS

На овој курс учениците ќе ја научат „азбуката“ за креирање на веб страни. Преку теорија и практични вежби ќе ги научат основите на HTML и како да го употребуваат CSS.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Овој курс претставува вовед во светот на веб дизајнот и изработка на веб-страници со помош на HTML и CSS. Учениците ќе ги научат основните принципи на креирање и структурирање на веб-содржина, како и начинот на визуелно уредување на страниците.

Курсот започнува со запознавање со основната структура на HTML документ, тагови и атрибути, по што следува работа со табели, слики и мапирани слики. Потоа учениците ќе се запознаат со основите на CSS, селектори и својства, типографија, бои и уредување на веб-страница со помош на DIV елементи.

Посебен акцент се става на практичната работа и примена на наученото преку изработка на домашни работи во форма на мини проекти и финален проект – креирање комплетен веб-сајт со HTML и CSS.

По завршување на курсот, учениците ќе бидат способни самостојно да изработат визуелно уредена веб-страница, применувајќи ги основните вештини во врска со веб дизајнот.

  • Вовед во веб дизајн
  • Структура на HTML и основни тагови и атрибути
  • Користење на табели
  • Работа со слики и мапирани слики
  • Вовед во CSS
  • Селектори и својства
  • Типографија и бои
  • Уредување на веб-страница со помош на DIV елементи
  • Вовед во форми
  • Креирање на веб сајт со HTML и CSS (Проект)

За ученици од 10 до 17 години.

  • Децата ќе се стекнат со основни познавања за веб дизајнот и веб програмирањето
  • Ќе научат самостојно да направат сопствена веб страна, краен продукт кој може да го надоградуваат со вештините и знаењата што ќе ги стекнуваат во иднина
  • Создавајќи нешто ново, кај децата ќе ја развие самодовербата и креативноста а со тоа позитивно ќе влијае на нивните развојни можности и потенцијали

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар