Напреден C++

Овој курс e продолжение на курсот Основи на C++ и е наменет за ученици кои сакаат подлабоко да навлезат во објектно-ориентирано програмирање.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Курсот „Напреден C++“ е наменет за ученици кои веќе го поминале основното ниво на C++ и сакаат да ги продлабочат своите програмерски вештини. Учениците ќе научат напредни концепти како низи, матрици, датотеки и функции, вклучувајќи и  објектно ориентирано програмирање: класи, објекти, конструктори и наследување. 

 

Наставата е практично ориентирана и вклучува бројни вежби и проекти кои им овозможуваат на учениците да ја применат теоријата, да развијат логичко размислување и креативност и да создаваат структурирани и ефикасни програми. На овој начин, тие се подготвуваат за комплексни програмерски предизвици и понатамошно учење во C++ и други програмски јазици. 

  • Низи 
  • Матрици 
  • Датотеки 
  • Функции и типови на функции 
  • Објектно ориентирано програмирање (што е ООП, класи, објекти) 
  • Класи, конструктор, функции и променливи 
  • Наследување 
  • Креирање на објекти од класи и примена 
  • Вежби 

За ученици од 13 до 17 години.

 

Потребно предзнаење:

  • Основи на C++
  • Учениците ќе ја разберат суштината на C++ и ќе можат да ја применат логиката на програмскиот јазик за решавање реални проблеми. 
  • Ќе научат како да ја преведат својата идеја во код, од алгоритам до функционална програма. 
  • Ќе ги совладаат напредните техники на C++ – низи, матрици, датотеки, функции, наследување и објекти – и ќе можат да ги применат во посложени проекти и натпревари по програмирање. 
  • Ќе развијат критичко и логичко размислување што им овозможува самостојно да креираат ефикасни и структурирани програми. 
  • Ќе стекнат знаења и доверба кои можат да се пренесат и на други програмски јазици базирани на C++, подготвувајќи ги за идни напредни проекти. 

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар