Подготовка за државен натпревар

Едукација организира обука за подготовка за натпреварите, по програма изработена од Здружението на Информатичари на Македонија.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Здружението на информатичари на Македонија секоја година организира натпревари по информатика за учениците од основните и средните училишта во земјата.

Со цел постигнување на подобри резултати и поуспешни ученици на натпреварите, Семос Едукација организира обука за подготовка за натпреварите, по програма изработена од Здружението на Информатичари на Македонија.

Натпреварите се стремат да ги опфатат сите ученици од основното и средното образование кои се стекнале со познавања од програмирање. Програмирањето се изведува во програмскиот јазик C++.

  • Аплицирање и учество на електонските натпреавари на mendo.mk
  • Претставување на форматот на натпреварите
  • Временско ограничување
  • Мемориско ограничување
  • Вежби (самостојно решавање задачи согласно стандардите на државниот натпревар)
  • Напредни содржини потребни да се решат задачите и да се постигне посакуваниот успех:
  • STL контејнери (vector, set, map) и нивна употреба.
  • Класи. Конструктор на класа и преоптоварување на оператор
  • Пресметување сложеност
  • Bruteforce, Greedy
  • Бинарно пребарување
  • Динамичко програмирање
  • Теорија на графови
  • BFS
  • DFS
  • Dijkstra

За ученици од VI до IX одделение, и ученици од I до IV година средно.

Преку обуката подготовка за државен натпревар по информатика каде се менторирани од предавачи кои се искусни во натпреварувачкото програмирање, учениците ќе се стекнат со  практичното знаење, ќе се зголеми нивната самодовербата и желбата да постигнат подобри разултати на натпреварите по програмирање. 

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар