Тие ќе научат основи на C++ програмискиот јази кој овозможува да се научи програмирањето од темел.
Курсот „Основи на C++“ е наменет за ученици кои сакаат да влезат во светот на програмирањето и да ги изградат своите први програмерски вештини. Преку внимателно структурирана програма, учениците ќе се запознаат со основните концепти на програмскиот јазик C++, како типови на податоци, променливи, оператори, влез и излез на податоци, како и контролни структури за избор и повторување.
Наставата е практично ориентирана и овозможува постепено градење на логичко размислување и алгоритамски пристап кон решавање проблеми. Учениците ќе научат како да анализираат задача, да креираат алгоритам и да го имплементираат во код, развивајќи самодоверба и основа за понатамошно напредно изучување на C++ и други програмски јазици.
Курсот е наменет за ученици од 13 до 17 години кои сакаат да ги направат своите први сериозни чекори во програмирањето и да изградат силна основа во C++. Погоден е за деца кои покажуваат интерес за логика, математика, технологија или сакаат да научат како функционираат програмите што ги користат секојдневно. Не е потребно претходно искуство, туку желба за учење и истражување.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.