Основи на C++

Тие ќе научат основи на C++ програмискиот јази кој овозможува да се научи програмирањето од темел.

Времетраење

30 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

9500 МКД

Курсот „Основи на C++“ е наменет за ученици кои сакаат да влезат во светот на програмирањето и да ги изградат своите први програмерски вештини. Преку внимателно структурирана програма, учениците ќе се запознаат со основните концепти на програмскиот јазик C++, како типови на податоци, променливи, оператори, влез и излез на податоци, како и контролни структури за избор и повторување. 

 

Наставата е практично ориентирана и овозможува постепено градење на логичко размислување и алгоритамски пристап кон решавање проблеми. Учениците ќе научат како да анализираат задача, да креираат алгоритам и да го имплементираат во код, развивајќи самодоверба и основа за понатамошно напредно изучување на C++ и други програмски јазици. 

  • Вовед во програмирање 
  • Запознавање со С++ 
  • Наредби за излез 
  • Типови на податоци и операции со нив 
  • Променливи и константи 
  • Коментари и наредби за влез 
  • Контролни структури и наредби за избор 
  • Напредна употреба на контролни наредби за избор 
  • Контролни структури и наредби за повторување 
  • Напредни програмски концепти за контролни структури за повторување 
  • Еднодимензионални низиж 

Курсот е наменет за ученици од 13 до 17 години кои сакаат да ги направат своите први сериозни чекори во програмирањето и да изградат силна основа во C++. Погоден е за деца кои покажуваат интерес за логика, математика, технологија или сакаат да научат како функционираат програмите што ги користат секојдневно. Не е потребно претходно искуство, туку желба за учење и истражување. 

  • Разбирање на основните принципи на програмските јазици и начинот на кој функционираат програмите 
  • Развивање алгоритамско и логичко размислување преку решавање реални програмерски задачи 
  • Самостојно креирање програми користејќи влез и излез на податоци, контролни структури и функции 
  • Совладување на основните програмерски концепти како услови, повторувања и еднодимензионални низи 
  • Стекнување сигурност во работа со развојна околина и правилна примена на синтакса и структура на код 
  • Подготовка за напредни курсеви по програмирање и учество на натпревари 

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар