Овој курс e продолжение на курсот Основи на C++ и е наменет за ученици кои сакаат подлабоко да навлезат во објектно-ориентирано програмирање.
Курсот „Напреден C++“ е наменет за ученици кои веќе го поминале основното ниво на C++ и сакаат да ги продлабочат своите програмерски вештини. Учениците ќе научат напредни концепти како низи, матрици, датотеки и функции, вклучувајќи и објектно ориентирано програмирање: класи, објекти, конструктори и наследување.
Наставата е практично ориентирана и вклучува бројни вежби и проекти кои им овозможуваат на учениците да ја применат теоријата, да развијат логичко размислување и креативност и да создаваат структурирани и ефикасни програми. На овој начин, тие се подготвуваат за комплексни програмерски предизвици и понатамошно учење во C++ и други програмски јазици.
За ученици од 13 до 17 години.
Потребно предзнаење:
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.