Курсот Кодирање со Python и CoffeeScript се одвива на online платформата CodeMonkey.
Курсот „Кодирање со Python и CoffeeScript“ се реализира преку CodeMonkey – интерактивна и наградувана платформа за учење програмирање преку игра.
Програмата е наменета за деца кои сакаат да напредуваат во кодирањето и да се запознаат со CoffeeScript и Python преку интерактивни задачи и предизвици. Учениците учат активно, преку решавање конкретни проблеми и постепено совладување на концепти од програмирање, што им овозможува полесно и посигурно да навлезат во светот на текстуалното програмирање.
Курсот придонесува за развој на логичко и алгоритамско размислување, аналитички пристап и вештини за решавање проблеми. Благодарение на современиот и интерактивен начин на работа, учењето е интересно, мотивирачко и прилагодено на возраста и интересите на децата.
Moдул 1: Game Builder
Преку Platformer, Frogger и Sprite Animations, децата навлегуваат во светот на game design и текстуалното програмирање. Работат со движење, контроли, интерактивни настани, спрајтови и анимации, додека чекор по чекор откриваат како се градат динамични и визуелно интересни игри.
Модул 2: Python предизвици
Децата ги усвојуваат основните и понапредните програмски концепти во Python преку Banana Tales, каде преку интересни предизвици учењето станува динамично, разбирливо и мотивирачко. Тие постепено се запознаваат со важни програмски концепти како променливи, низи и индекси, циклуси, услови, функции, класи и методи, манипулација со текст, како и работа со различни типови на податоци, 2D листи и основни алгоритми. Преку Coding Chatbots дополнително ја развиваат способноста за логичко размислување, решавање проблеми и самостојна примена на кодот.
Деца на возраст од 10 до 12 години.
Потребно предзнаење:
Курсот е наменет за деца кои имаат интерес за кодирање и сакаат да го надградат своето знаење преку Python и CoffeeScript. Особено е соодветен за оние што сакаат логички предизвици, интерактивни задачи и учење преку практична примена.
Програмата е одличен избор за деца кои сакаат да преминат кон посериозно текстуално програмирање и постепено да развиваат сигурност, самостојност и подлабоко разбирање на програмските концепти.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.