Кодирање со Python & CoffeeScript

Курсот Кодирање со Python и CoffeeScript се одвива на online платформата CodeMonkey.

Времетраење

60 училишни часови

Начин на изведување

Онлајн / Физичко Присуство

Јазик

Македонски

Ниво на знаење

Почетно

Цена

15900 МКД

Датум на почеток

12/09/2026

Време на почеток

12:00

Динамика

Сабота

Слободни места

6

Цена со попуст

14310 МКД

Курсот „Кодирање со Python и CoffeeScript“ се реализира преку CodeMonkey – интерактивна и наградувана платформа за учење програмирање преку игра.

Програмата е наменета за деца кои сакаат да ги надградат своите вештини во кодирањето и да се запознаат со CoffeeScript и Python преку интерактивни задачи, предизвици и практични активности. Учениците учат активно, преку решавање конкретни проблеми и постепено совладување на основните концепти од програмирањето, со што полесно и посигурно навлегуваат во светот на текстуалното програмирање.

Курсот придонесува за развој на логичко и алгоритамско размислување, аналитички пристап и вештини за решавање проблеми. Благодарение на современиот и интерактивен начин на работа, учењето е интересно, мотивирачко и прилагодено на возраста и интересите на децата.

Модул 1: Game Builder

Преку Platformer, Frogger и Sprite Animations, децата навлегуваат во светот на game design и текстуалното програмирање. Работат со движење, контроли, интерактивни настани, спрајтови и анимации, додека чекор по чекор откриваат како се создаваат динамични и визуелно интересни игри.

Модул 2: Python предизвици

Децата ги усвојуваат основните и напредните програмски концепти во Python преку Banana Tales, каде што преку интересни предизвици учењето станува динамично, разбирливо и мотивирачко.

Постепено се запознаваат со важни програмски концепти како променливи, низи и индекси, циклуси, услови, функции, класи и методи, како и со манипулација со текст, различни типови на податоци, 2D листи и основни алгоритми.

Преку Coding Chatbots, дополнително ја развиваат способноста за логичко размислување, решавање проблеми и самостојна примена на стекнатото знаење и код.

Деца на возраст од 10 до 12 години.

Потребно предзнаење
  • Завршен основен курс за кодирање
За кого е наменет курсот?

Курсот е наменет за деца кои имаат интерес за кодирање и сакаат да го надградат своето знаење преку Python и CoffeeScript. Особено е соодветен за оние кои сакаат логички предизвици, интерактивни задачи и учење преку практична примена.

Програмата е одличен избор за деца кои сакаат да преминат кон посериозно текстуално програмирање и постепено да развиваат поголема сигурност, самостојност и подлабоко разбирање на програмските концепти.

  • Учење Python и CoffeeScript преку интерактивни предизвици 
  • Развивање логичко, аналитичко и алгоритамско размислување 
  • Подобрување на способноста за решавање проблеми чекор по чекор 
  • Градење сигурност и самостојност при работа со текстуален код 
  • Напредување низ јасно структуриран и мотивирачки процес на учење 
  • Поттикнување на фокус, истрајност и активен пристап кон задачите 
  • Учење преку современа и наградувана платформа што го одржува интересот и мотивацијата 

Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација.

Останати курсеви што можеби ќе ти се допаднат

Основи на Python

Напреден Python

Minecraft: Coding with Python

Елена Петковска

Менаџер на Детски Едукативен Центар
Кодирање со Python & CoffeeScript